Екипата на Барселона е освојувач на Суперкупот на Шпанија. Каталонците на фантастичен начин во конечни 5:2 го совладаа лутиот ривал Реал Мадрид во финалето одиграно во Саудиска Арабија. Меч во кој Реал поведе по само неколку минути игра преку Мбапе, но потоа му се случи катастрофа.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик по мечот нормално дека беше презадоволен од настаните, велејќи дека секој меч е нова лекција за него и неговиот тим.
„Мечот одигран во Мадрид беше сличен и ни даде насока како да го одиграме и овој вечерва. Ни покажа како да реагираме по примен гол, и токму тоа и го сторивме“ – рече Флик па додаде.
„Не е лесно да се игра против Мадрид со десетмина играчи. Имаме врвни голмани. Тимот е одличен, секогаш се држиме заедно, и тоа е она што е важно. Учиме од секој меч и тоа не прави се посилни“ – додаде Флик.