Македонската ракометна репрезентација по деветти пат, седми по ред, ќе биде учесник на Светските првенства. Нашиот најдобар национален тим утре (20:30 часот) против Унгарија го игра првиот меч на Мундијалот кој ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Избраниците на Кирил Лазаров се во група и со Холандија и Гвинеја. За пласман во главната рунда треба да освојат едно од првите три места.
Македонија за првпат на Светските првенства играше во 1999 година кога заврши како 18-та. Следното учество беше во 2009 година, се пласираше во главната рунда и заврши 11-та. Од 2013 година па навака нашата ракометна репрезентација е редовен учесник на Мундијалите. Најдобриот пласман го оствари во 2015 година заврши како деветта.
На последното Светско првенство го освои 27-то место, играше во Президент Купот. Од тој состав тогаш, во Вараждин нема да бидат Дејан Манасков, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Мартин Томовски, Михајло Младеновиќ, Костадин Петров. Во меѓувреме се изгради Нова Македонија со млад состав која е побогата за едно Европско првенство.
Македонија во Президент Купот играше во 2019 година, под водство на Раул Гонзалес и искусен состав не успеа да се пласир во главната рунда.