Работнички ги „гази“ километрите на Кеј (ВИДЕО)

318

Тимот на Работнички под водство на стратегот Горан Станиќ веќе втор ден како ја одработува зимската подготвителна програма. Во домашни услови како што е тоа вообичаено, за да по неколку дена се замине во Хрватска.

Со оглед пак на временските услови кои што денеска владеат во Скопје, а тоа се снежни врнежи, Работнички одлучи денешниот тренинг да го одржи на Кејот на реката Вардар.

Нормално, во оваа фаза од подготовките, истрчаните километри се главна тема, па тоа може да се обави и на пешачката патека во овој дел од градот, омилена за Скопјани во секоја доба од годината.

ПретходноБеса го промовираше Канда
СледноУапсен Кике Салас, се обложувал дека ќе добие жолт картон