Аталанта и Јувентус ремизираа во Бергамо

26

Вечерва во дербито од 19. коло од италијанската Серија А, Аталанта и Јувентус одиграа 1:1 во меч во кој на големо ќе се зборува за потегот на Сеад Колашинац на крајот од првото полувреме.

Првиот гол го видовме на отворањето на вториот дел кога Јувентус поведе во 54. Минута. Мекени додаде до Калулу кој погоди за предност на „Старата дама“ од 0:1.

Аталанта се врати во игра во 78. минута. Беланова извонредно му подаде на Ретеги, кој го постави конечниот резултат – 1:1.

Сеад Колашинац го одигра целиот натпревар за Аталанта и може да биде среќен што беше така бидејќи лесно можеше да добие црвен картон во 42. минута. Имено, Јувентус имаше напад преку Мекени, но Сеад Колашинац го спречи на многу грд и болен начин. Дефанзивецот го удри со лакт противникот, но не доби црвен картон.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМанчестер Сити прокоцка победа кај Брентфорд, Челзи се спаси дома во 95. минута (ВИДЕО)
СледноПадна последниот договор пред пресметката со Унгарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)