Иако имаше најави за евентуален трансфер, па дури и за враќање во Европа, сепак Кристијано Роналдо, барем според пишувањето на медиумите во неговата Португалија, одлучил да остане во Ал Наср и да го продолжи догворот на уште една години со пребогатиот клуб од Саудиска Арабија. Ова значи дека тој во Ал Наср ќе остане најмалку и во 2026 година.
Финансиските услови се исти, тоа се неверојатни 200 милиони евра годишно, тука не се сметаат разните бонуси.
Како што се пренесува, Роналдо и Ал Наср ги договориле сите детали останува само уште договот и официјално да биде потпишан. Исто така раководството на Ал Наср му ветило на Португалецот дека тимот адекватно ќе се засили.
Во изминатиот период, Роналдо одигра 90 натпревари за Ал Наср на кои постигна 81 голови.