Ибрахимовиќ пристигна во Рим

74

Играчот на Баерн Минхен, Арион Ибрахимовиќ во следните шест месеци ќе го носи дресот на Лацио. Како позајмен играч офанзивецот ќе мине одреден период во Рим, а на лето Лацио ќе има право на откуп од осум милиони евра.

“Арион е млад играч со големи перспективи кој постојано се развива. Арион е во Баерн уште од мал. Сакаме да промовираме играчи како него. Тој дава се од себе на секој тренинг и сега му треба време за игра на највисоко ниво. Ние внимателно ќе го следиме бидејќи го има она што е потребно“, рече спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.

Ибрахимовиќ минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во тимот на Фросиноне исто така во Италија.

 

ПретходноТакахара е нов играч на Пелистер
СледноМитев пред стартот на СП: Ќе играме за нас, за Македонија…