Според претседателот на неговиот сегашен клуб, Сепси, репрезентативецот на Македонија, Исник Алими има понуда да замине во Кина. Поточно, Далијан Јингбо, екипа која што се натпреварува во најдоброто фудбалско друштво во Кина.
Алими периодов игра добро, како во клубот, така и во дресот со националните бои. Има добра статистика, па е и нормално што има опција да замине некаде каде што реално би имал и побогат договор.
Шампионатот на Кина своевремено почна да привлекува светски мега звезди, како што е сега случајот со Блискиот исток. Сега повеќе не е тоа така, но и натаму во тамошниот фудбал се вложува енормно и може добро да се заработи.