Комо го „стресе“ Милан, но „росонерите“ се вратија со пресврт до победа

72

Со пресврт, освојувачот на Суперкупот на Италија, екипата на Милан успеа да слави на гостувањето кај Комо со 2:1 и да дојде до прва победа во Серија А по два меча кои завршија нерешено. Во меч во кој домашните за малку ќе го шокираа тимот на Консеисао откако во второто полувреме први поведоа со голот на Диао во 60. минута, Милан успеа брзо да се освести и да се врати со два погодока во серија за комплетен пресврт.

Во 71. минута, Тео Ернандез погоди за израмнување на 1:1, а само три минути подоцна, со голот на Рафаел Леао, „росонерите“ дојдоа до предност од 1:2. За одбележување е повредата на Пулишиќ, кој мораше да го напушти теренот во 46. минута.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноКузмановски: Тимот дише како еден! Поминавме низ најтешкото и сега треба да уживаме во играта!
СледноНафиу во дресот на косовски Феризај