Лазаров: Не би можел да кажам дека Унгарија има слаба точка! Нам ни останува да одиграме најдобро што можеме!

288

Кирил Лазаров, македонскиот бомбардер, кој зад себе голем број на натпревари како репрезентативец на големите натпреварувања, утре го почнува своето четвртто големо првенство како селектор. Тој ќе го води националниот тим на Светското првенство, второ за него. Противници на „црвено-жолтите“ ќе бидат Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Унгарија е првата селекција со која нашите ракометари ќе ги одмерат силите. Мечот се игра утре (20:30 часот) во Вараждин Арена. Лазаров вели дека тешко може да се најде слаба точка, но нивна задача ќе биде да одиграат најдобро и доколку се укаже шанса истата да се искористи.

„Унгарија е спортска земја, слободно можам да кажам и ракометна земја, со две екипи учесници во Лигата на Шампионите за кои играат поголемиот дел од репрезентативците кои ќе настапат во Вараждин. Многу добија со доаѓањето Чема Родригез како селектор и носењето на шпански стручен штаб, напредуваат се повеќе од година во година, впрочем резултатите говорат за тоа, беа петти на последното ЕП, а учествуваа и на последните Олимписки Игри. Не би можел да кажам дека имаат слаба точка бидејќи говориме за исклучително комплетна репрезентација што има голем број врвни играчи на сите позиции. Можеме да се надеваме дека тие ќе немаат свој ден, а ние мораме да играме најдобро што знаеме и ако ни се укаже шанса за изненадување, да ја искористиме“, рече Кирил Лазаров.

.Лазаров и неговите момци имаа доволно време за подготовки и за одигрување на пријателски натпревари. Предводникот на нашиот национален тим е задоволен од сето она што го минаа во изминатиот период.

ПретходноМитев пред стартот на СП: Ќе играме за нас, за Македонија…
СледноЛапорта: Му благодарам на Реал како реагираше во случајот за Дани Олмо