Лапорта “удри“ по Ла Лига и ФФШ и соопшти вест која ќе ги воодушеви сите фанови на Барселона! (ВИДЕО)

680

По се она што се случуваше во и околу Барселона, се разбира пред се во врска со Дани Олмо, денеска на прес – конференција свој коментар даде претседателот на каталонската гордост Хоан Лапорта.

Тој не криеше дека е гневен на Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија, кои во целост застанале против овој клуб и дека просто ја саботирале Барселона.

Инаку тој не криеше дека е пресреќен со завршувањето на сагата околу Олмо, но поради тие 5:2 против Реал Мадрид во Џеда пред два дена:

Лага е дека задоцнивме со регистрацијата за Олмо и Виктор. Сите долументи ги собравме до 27 декември и истите ги доставивме преддекември. Иако се беше според правилата и прописите, не ни беше дозволено да ги регистрираме Олмо и Виктор од страна на Ла Лига. Контактиравме и со ФФШ, ама тие не одбија повикувајќи се на пропис кој одамна не е веќе меродавен. Токму затоа моравме да се обратиме на Спортскиот суд“ посочи Лапорта и продолжи…

Се случувале многу работи, но ништо налик на ова што нам ни се случуваше со Олмо и Виктор. Барселона се враќа и се врати на голема врата. Некому тоа не му одговара, па затоа одредени групи заедно со одредени медиуми се здружија и се обидоа да не саботираат. Тоа го прават со години, а актерите се добро познати. Тоа не им успеа, а ние вративме со регистрација на Олмо и Виктор и со освојување на Суперкупот. Претстојат тешки времиња за тие групи“.

Инаку тој соопшти вест која ќе ги воодушеви сите фанови на Барселона:

Конечно и официјално го исполнуваме правилот 1:1, што значи дека сега нема да имаме проблеми со регистрација и ангажман на нови играчи. Успеавме да го спасиме клубот кој го сакаме со сето срце. Бевме принудени да ја браниме Барселона од напади од копно, воздух и море“ блескаше Лапорта на пресот.

ПретходноВреме е за светски ракомет: Може ли некој да ја сопре Данска? Дали ќе се најде херој за рекордот на Лазаров?
СледноДенеска на Мундијалот: Данска на мегдан со Алжир, Франција против Катар!