Англискиот шампион Манчестер Сити не успеа да слави на гостувањето кај Брентфорд во мечот од 21. коло на Премиерлигата иако имаше предност од 0:2. Момците на Гвардиола со двата гола на Фоден во 66. и 78. минута, но и тоа не беше доволно за триумф, затоа што упорнитр „пчели“ на крилата на Виса и Нордгард до крајот успеаја да најдат сили и со два гола во 82. и 92. минута да го израмнат резултатот и да се спасат од пораз.
Големо реми извади и Челзи, но на домашен терен. Иако „сините“ беа голем фаворит против Борнмут, лондончани се спасуваа од пораз во последните минути од средбата. Палмер донесе радост на „Стемфорд Бриџ“ за 1:0 во 13. минута, но во вториот дел, најпрво Клајверт од пенал во 50., па Семењо во 68. минута приредија целосен пресврт за 1:2. Челзи се спаси со голот на Рис Џејмс во 95. минута за конечни 2:2.
Малку радост и на лицата на навивачите на Вест Хем донесе денешниот дуел со Фулам. „Чеканите“ на крајот победија со 3:2 во исклучително ефикасен и неизвесен дуел.