Работнички главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Хрватска! (ФОТО)

207

Од вчера и Работнички ги стартуваше подготовките за она што го чека во пролетниот дел. А се знае дека го чека битка за титулата или во најмала рака битка за излез во Европа.

Вчера тренерот Горан Станиќ означи старт, се одработи и еден тренинг, а утринава неговите играчи го одработија и вториот тренинг.

May be an image of 1 person, beard and text

Самиот Станиќ за “СпортСпорт“ истакна:

Јас сум задоволен од тоа што го видов на овие два тренинга. Знам дека најинтересно е тоа кои се нови играчи, засега имаме само два и тоа Тодоров и Ангелов, кој се врати од Украина. Планот е на 24 јанури да отпатуваме во Медулин (Хрватска) каде ќе ја одработиме главната фаза од овие подготовки, ќе одиграме и 4-5 пријателски меч. Поточно таму ќе учествуваме и на традиционалниот турнир исто како што беше и лани. За амбициите за напролет што да се каже? Се знае каде сме на табелата, одиме напролет да одиграме најдобро што можеме па ќе видиме на крајот што сме направиле“ посочи Станиќ кој во јуни го напушта Работнички и ја презема селекцијата на У-21 Македонија.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Данска на мегдан со Алжир, Франција против Катар!
СледноРашфорд би можел на позајмица во Барса или Тотенхем?! Каталонците го сакаат и Гарначо!