Трансфери: Кварадона во ПСЖ, Реал го сака Вокер, Хамес потпиша во Мексико, Јунајтед го одби Наполи за Гарначо!

1365

Во очекување на официјализирање на “бомба“ во овој преоден рок, медиумите ширум Европа, како и инсајдерите се занимаваат со она што сега е интересно.

Па така Квича Кварацкелија се чини дека и дефинитивно ќе го облече дресот на ПСЖ и тоа за петпати поголема плата од таа што ја земаше во Наполи. Се говори за сума од 8-10 милиони евра годишно. Клубот од Париз на Наполи ќе му плати 70 милиони евра и плус бонуси.

Дел од медиумите во Шпанија и Англија, најавуваат дека Реал Мадрид и тоа пројавил интерес за Кајл Вокер од Манчестер Сити. Сепак проблем е платата на десниот бек, ако се знае дека тој има и тоа како баснословна понуда од С. Арабија. Вокер во Реал Мадрид? Тешко или никако.

Хамес Родригез, легендарниот Колумбиец својата кариера ќе ја продолжи во Мексико, во тимот на Лео. Тој веќе стави потпис. По само неколку месеци Хамес си замина од Рајо Ваљекано.

Наполи со парите од трансферот на Кварацкелија сакаше да го донесе Алехандро Гарначо, се говореше и за Маркус Рашфорд. Сепак последните вести говорат дека Манчестер Јунајтед ја одбил понудата на Наполи за Аргентинецот.

ПретходноАрне Слот: И Нотингем Форест е кандидат за титулата во ПЛ!
СледноЈагуриновски: Треба да уживаме во играта на големата сцена! Знаеме што значи да се игра за Македонија!