Шкендија ќе има шест контроли, “генералката“ ќе биде против Динамо Киев! (ФОТО)

122

Шкендија прва од сите останати прволигаши стартуваше со зимските подготовки. Сите во тетовскиот клуб се свесни дека напролет мора, ама баш мора да се дојде до титулата. За клуб како Шкендија и четврта сезона без титула секако дека е премногу, а јасно е дека нема да биде нималку лесно.

Тука се амбициозните Работнички и Силекс, кои имаат ист број на бодови со тетовци, секако дека тука се и силниот Гостивар како и шампионот Струга ТЛ. Секако дека нема да биде лесно за Шкендија, но тетовци мораат до титулата, тука нема дилеми.

Што се однесува до пријателските средби, тимот на Јетон Беќири првата ќе ја игра со Беласица во Струмица на 17 јануари, за да пет дена подоцна ќе се сретне и со Тиквеш во Кавадарци.

Во Анталија четата на Беќири ќе има четири контроли, а најсилната ќе биде на 6 февруари и тоа против Динамо Киев која ќе биде “генералка“ пред стартот на пролетниот дел на 16 февруари.

Еве ги сите закажани пријателски на Шкендија оваа зима:

ПретходноРашфорд би можел на позајмица во Барса или Тотенхем?! Каталонците го сакаат и Гарначо!
СледноОлимписките медали фаќаат корозија, над сто спортисти ги вратија своите одличја