Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на првиот меч против Унгарија на Светското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци веќе се побогати за едно Европско првенство, кое беше добредојдено особено ако се земе во предвид дека играт против една Германија и Франција.
На ден пред првиот меч атмосферата во тимот е одлична, истата ја пренесува Томи Јагуриновски. Вели дека Европското првенство е поквалитетно од Светското, но сепак ниту една репрезентација нема да биде за потценување која не доаѓа од Европа.
„Атмосферата секогаш е на завидно ниво, сите добро сме сплотени и тоа не секогаш. Не би кажал дека има голема разлика во нашиот менталитет во однос на претходниот собир, а квалитетот и карактерот го покажавме во баражот токму за овој турнир. Сметам дека европско би било за нијанса поквалитетно бидејки ракометот е малку повеќе популарен на нашиот континент за разлика од останатите, без да одземам од квалитет“.
Имаме три различни противници во групата со различен стил на игра: Унгарија, Холандија и Гвинеја. Дали пласманот во главната рунда е реален. Каков ракометат треба да игра Македонија за да ја исполни целта?
„Реалната цел е да се пласираме во втората фаза. Во прилог ни е тоа што три репрезентации продолжуваат, но ќе се обидеме да ја искористиме ако ни се укаже можност да изненадиме некоја од поквалитетните репрезентации. Најважно, како што веќе истакна еден колега е да се вратиме дома како подобар тим отколку што бевме кога доаѓавме наваму.
Сите знаат што значи да се игра за национален тим. Она што го имаме сработено сакаме тоа да го покажеме терен и на крајот на денот да уживаме во играта на голема сцена“, ни изјави Јагуриновски.
Дуелот меѓу Македонија и Унгарија се игра утре во Вараждин Арена со почеток во 20:30 часот. Во група со нашата репрезентација се уште Холандија и Гвинеја.