Екипата на Беса Добри Дол го претстави првото засилување за тимот, откако на чело на истиот е тренерот Горазд Михаилов. Тоа е веќе најавениот интернационалец од Јапонија, Јумеми Канда, кој што доаѓа од тимот на Шкупи.
Беса веќе неколку дена работи под палката на Михаилов, а според информациите, подготовките тимот наскоро ќе ги продолжи во Охрид.
Се очекуваат уште неколкумина засилувања, што од домашниот пазар што од странство, а тоа ќе бидат најверојатно имиња на стоперската позиција, играч за врска како и напаѓач.