Митев пред стартот на СП: Ќе играме за нас, за Македонија…

172

Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовките за настап на Светското првенство. Прв противник на избраниците на Кирил Лазаров е фаворитот во нашата група Д, Унгарија (дуелот се игра утре, 20:30 часот).

Иако нашите ракометари се аутсајдери на оваа средба, сепак немаат намера да се предадат пред време. Ќе ги чекаат своите „пет минути“ и ќе се обидат максимално да ги искористат.

„Со нетрпение го чекаме стартот на Светското првенство. Имавме долго време да се подготвиме и да се посветиме на анализа на првиот противник. Унгарија е фаворит во нашата група, за тоа говорат и нивните резултати од претходните големи натпреварување, ни и составот со кој ќе настапи. Иако сме аутсајдери на овој натпревар, сепак нашата цел е да се надигруваме со Унгарците и трпеливо да ја чекаме нашата шанса.

Ме радува одличната атмосферата во тимот, сите се желни да го дадат максимумот. Ќе го оставиме срцето на теренот, за нас, за Македонија, за сите кои ќе не бодрат во Вараждин и оние пред ТВ-екраните“, ни изјави Марко Митев на ден пред мечот со Унгарија. 

Македонија ќе се фокусира на одбраната, нема да се прават калкулации ќе се оди максимално на секоја средба, а не само против Гвинеја, која е нашата реална шанса за пласман во главната рунда.

„Нашата цел е да одиграме цврсто во одбраната, да создадеме што повеќе полуконтри. Мора да бидеме фокусирани сите 60 минути и секако да го испочитуваме договореното“.  

Нашата цел е пласман во главната рунда, нема да мислиме само на победа над Гвинеја, туку со ваков менталитет ќе влегуваме на секој меч“.

ПретходноИбрахимовиќ пристигна во Рим
СледноЛазаров: Не би можел да кажам дека Унгарија има слаба точка! Нам ни останува да одиграме најдобро што можеме!