Окафор поради повредата на мускулот не оди во РБ Лајпциг

51

Ноа Окафор нема да замине во Ред Бул Лајпциг на позајмица од Милан. Иако напаѓачов веќе е во Германија, и ги обави лекарските прегледи, токму тие ја псречија позајмицата вредна еден милион евра, до лето со право на откуп од околу 25 милиони.

Причината за ова е скинатиот мускул на Окафор, повреда, поради која што тој и ги пропушти последните неколку мечеви за Милан. Од друга страна пак сега не е јасно што планира Милан со него во моментов, и дали сеуште е во игра пак позајмицата на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед кој речиси и да беше тргнат за Милано што се вели.

 

ПретходноОлимписките медали фаќаат корозија, над сто спортисти ги вратија своите одличја
СледноМакедонија на Светските првенства, што треба да знаете?