СП 2025: Светскиот првак се „прошета“ против Алжир, Австрија во вториот дел го „скрши“ Кувајт

98

Бранителот на светската ракометна круна, селекцијата на Данска, без проблеми го прегази Алжир со 47:22 на првиот дел од натпреварите на Светското првенство. Пред своите навивачи во Хернинг, Данците им дозволија на Алжирците само во првите десетина минути од мечот да играат егал, а се што потоа се случуваше до крајот на мечот беше тотална доминација на светскиот шампион.

Јакобсен со 8 и Питлик со 7 гола беа најефикасни во составот на „црвените“. Кај селекцијата на Алжи се истакна Абди со 6 погодоци.

Во последниот меч од првиот ден на првенството во Пореч, Австрија малку се помачи со Кувајт, особено во првиот дел, но на крајот сосема очекувано ги прокнижи планираните бодови. Австријците славеа со 37:26.

Четворица ракометари во Австрискиот тим на крајот завршија со по пет погодоци (Живковиќ, Вагнер, Фримел и Дамбок).

ПретходноКлоп почна со работа во Ред Бул: Ова е тоа што го сакав
СледноЈувентус ја договори позајмицата на Коло Муани од ПСЖ