Сосема очекувано, еден од главните фаворити за медал на ова Светско првенство, репрезентацијата на Франција во воведниот меч на првенството оствари убедлива победа во дуелот со Катар од 37:19. Катарците не беа достоен противник за „триколорите“ кои во првиот дел го „сомлеа“ противникот и на пауза заминаа со +8, а во вториот дел продолжија со исто темпо и на крајот го декласираа противникот.
Брие со 7 гола беше лидер во составот на Франција, додека кај Катарците најефикасен беше Карол со 4 гола.
Репрезентацијата на Италија, пак, во премиерата на Мундијалот направи изненадување победувајќи го фаворизираниот Тунис со 32:25 и си го отвори патот за пласман во главната фаза.
Италија до победата дојде пред се поради извонредниот Лео Прантер кој мечот го заврши со 10 постигнати гола, од кои дури 8 (без промашување) реализираше во првите 30 минути на средбата. Во второто коло во групата, Тунис ќе се соочи со Данска, додека Италија против Алжир ќе се надева и на втор триумф.