Досегашниот играч на Струга ТЛ, а претходно на Гостивар, јапонскиот интернационалец Масаки Такахара е нов играч на екипата на Пелистер. По засилувањето од Русија, еве сега Битолчани се одлучуваат за новитет од Јапонија. Играч кој на нашата фудбалска јавност и е добро познат и кој што веќе извесен период е дел од ПМФЛ шампионатот.
Такахара е офанзивец кој што остави добар впечаток во Гостивар, додека во Струга ТЛ, како да не му веруваа премногу. Затоа тој зимава веројатно и ја менува средината, и заминува во Пелистер, каде што очигледно се надева на посериозна улога.