Аврамовски од Болуспор се пресели во Игдир

428

Малку неочекувано, но македонскиот интернационалец во Турција, Даниел Аврамовски, по одличните настапи за Болуспор оваа зима, сепак, ја менува средината. Како што потврдија од неговиот клуб денеска, Аврамовски се сели во дресот на уште еден турски второлигаш, екипат ана Игдир.

Аврамовски сега треба да биде едно од главните засилувања за Игдир кој мака мачи за опстанок во второлигашката конкуренција. Популарниот Цујо оваа полусезона во дресот на Болуспор имаше 9 постигнати гола и се наоѓа на 3. место на листата на најдобри стрелци во лигата.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Ќе ги видиме Германија, Норвешка, Хрватска…
СледноМитревски: Унгарија е комплетна репрезентација, но наше е да излеземе и да им се спротиставиме!