Интер киксираше против Болоња

29

Екипата на Интер во денешниот единствен дуел од Серија А, одигра само 2:2 на домашен терен против Болоња што секако може да се окарактеризира како кикс.

Кастро ги доведе гостите во водство од 0:1, а потоа Дамфрис и Мартинез до полувреме направија 2:1. Холм на стартот на вториот дел израмни на 2:2, и тоа беше се од головите на овој меч.

Интер се обиде повторно да стигне до ново водство, но домаќинот не успеа во таа намера.

Па така, Интер по 19. одиграни кола има 44 бода и е втор, додека пак Наполи со меч повеќе има 47 бодови.

 

ПретходноСелекторот на Унгарија по ремито: Знаевме дека нема да биде лесно со Македонија!
СледноАрсенал го доби дербито на северен Лондон