Лазаров: Горд сум на момците, горд сум на цела Македонија!

474

Македонија одигра 27:27 на првиот свој меч на ова СП. Штета,ја имавме победата во раце што се вели против Унгарија. Сепак не успеавме да направиме голема сензација. Од друга страна и ова реми е одлично за нас ако се знае против како тежок противник игравме.

Тоа го кажа и селекторот Кире Лазаров по средбата:

Мора да бидеме задоволни, иако реално пропуштивме победа. Неискуство на нашите играчи, после тајм-аутот не знаеја да влезат во фаул. Се подаваа, го чуваа времето, а кажав точно да се влезе во фаул. Да беше така ќе ја привршевме средбата во наша корист. Можеби и подоцна требаше да викнам тајм-аут но такво беше чувтвото“ рече Лазаров и продолжи…

Игравме против петтата селекција на последното ЕП. Страшна репрезентација и јас сум горд на момците, горд сум на цела Македонија и на сите навивачи и на Фалнгата која што беше тука што не поддржаа овде и во Македонија што навиваа за нас. Ни дадоа страшна енергија и се надевам дека ќе прдолжиме така на следните мечеви“ посочи нашиот селектор.

ПретходноФантастичниот Кузмановски е играч на натпреварот
СледноМитревски: Малку фалеше да победиме, честитки за сите беа дел од овој херојски меч