Овој човек е чудо: Јокиќ како од шега со нов трипл-дабл и со нов рекорд во НБА! (ВИДЕО)

755

Никола Јокиќ е вистинско чудо. Веќе не е тајна дека речиси на секој меч Србинот урива рекорди, има трипл-дабл, неговиот Денвер победува, но сега најважно е што овој тим личи на шампионски тим. Се разигра и Мареј, забележа 45 поени, па така Јокиќ и не требаше премногу да се заморува за да се совлада Далас утринава со 118:99.

Србинот имаше “само“ 10 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Ова за него беше 146 трипл-дабл во кариерата.

Инаку Јокиќ урна и еден друг рекорд во НБА кој го држеше Лари Бирд. Имено центарот на Нагетси е првиот кошаркар во историјата на НБА кој најбрзо успеал да дојде до 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции.

За тоа му биле потребни 709 натпревари во НБА, додека на Бирд му беа потребни 799 мечеви.

Секоја чест за Јокиќ.

На останатите мечеви утрината се постигнаа следните резултати:

Индија – Кливленд 117-127, Филаделфија – Оклахома 102-118, Атланта – Феникс 122-117, Чикаго – Њу Орлеанс 113-119, Милвоки – Сакраменто, 130-115, Портланд – Бруклин 114-132.

ПретходноНовак покажа сила: Најдобриот во историјата преку Фарија со пласман во 3.коло на АО!
СледноЃоковиќ го надмина рекордот на Федерер, а забележа уште еден рекорд за историја!