Денеска на програмата е вториот натпреварувачки ден од СП 2025 кое се одржува во Хрватска, Норвешка и Данска. Дербито на денот е секако Германија – Полска и за нас интересно ќе биде зошто овој меч од групата А ќе го судат нашите судии, инаку најдобри во светот, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Ним им доликува да ја делат правдата на еден ваков меч, да бидат судии на еден вака тежок меч од секако аспект.
Инаку натпреварот се игра од 20.30 часот во Хернинг.