Барди не е веќе фудбалер на Трабзон, можно е да се врати во Шпанија!

121

Енис Барди не е веќе фудбалер на Трабзонспор. Овие информации ги лиферуваат медиумите во Турција, што значи дека капитенот на македонската репрезентација сега е слободен играч и може за себе да ја одбере најдобрата опција. Познато е дека Барди во последните неколку месеци и тоа како имаше проблеми во Трабзон, ја немаше потребната минутажа која ја заслужува.

Сепак сега тоа е минато.

Јасно е дека пред Барди сега се нови предизвици, јасно е дека тој има понуди од турски клубови, се споменуваше и Динамо Загреб, а најново е тоа што тој би можел да се врати и во Шпанија каде што пред неколку години го носеше дресот на Леванте.

Се споменуваат неколку клубови од Ла Лига како негова можна дестинација, сепак останува да се види што и како понатаму.

ПретходноМакедонскиот ракомет во црно: Почина Александар Јовиќ (1973-2025)
СледноСерафимов: Унгарија е фаворит, но во спортот ништо не е невозможно!