Очекувано, Холандија без проблем ја доби битката против Гвинеја на првиот меч во нашата група Д, славеше со убедливи 40-23. За „лалињата“ ова беше полесен тренинг пред мечот со Македонија, кој се игра на 17-ти јануари.
Холандија отвори со 6-1, на другата страна Гвинеја својот дебитански гол на Светските првенства го реализираше после 6:30 минути преку Давид Епонух. На стартот на 10-минута беше 10-1. Најголемата позитива во првиот дел за Холандија изнесуваше 14 гола (20-6 и 21-7). На одморот резултатот беше 21-8.
До крајот не се промени ништо. По одморот Холандија продолжи да доминира на теренот, додека на другата страна Гвинеја играше малку поопуштено тремата беше совладана. На средината на второто полувреме беше 33-18.
Прв стрелец кај победникот беше тен Велде со девет гола, зад него беше Ставас со пет гола, на другата страна Епонух имаше пет погодоци.
На остнатите три меча од терминот од 18 часот, во меч од групата Е, Португалија со 30:21 ја победи селекцијата на САД. Потоа Египет во меч од групата Х, убедливо славеше против Аргентина со 39:25. И на крај мечот од групата А, во еден интересен и драматичен меч, Чешка и Швајцарија одиграа без победник со резултат 17:17.