Дарко Велковски разговарал со Марибор

95

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски му бил понуден на словенечки Марибор. Тимот на Марибор се подготвува за пролетниот дел од сезоната во Турција, а во пролетниот дел има задача да се обиде да ја надополни негативата од 6 бода зад лидерот Олимпија и по седумнаесетти пат да ја освои титулата.

Словенечките медиуми пишуваат дека новиот спортски директор Михаел Микиќ заедно со шефот на фудбалските операции во Марибор, Џем Башѓул бараат зимско засилување, а едно од имињата за кои се размислува е токму нашиот дефанзивец. На „виолетовите“ им бил понуден долгогодишниот македонски репрезентативец кој моментално е без клуб, а кој меѓу 2018 и 2022 година играше многу успешно во дресот на хрватска Ријека.

Со оглед на големата конкуренција на дефанзивните позиции во Марибор, словенечките новинари се сомневаат дека до трансфер може да дојде.

ПретходноМитревски: Унгарија е комплетна репрезентација, но наше е да излеземе и да им се спротиставиме!
СледноГвардиола фрла милиони: Јануарскиот „пазарлак“ на Сити е вреден 150 милиони евра!