И ОФС Гостивар со максимална поддршка за Масар Омерагиќ! (ФОТО)

116

Ширум Македонија продолжува одржување на Собранија на ОФС. Се одржа и Собранието на ОФС Гостивар на кого му беше дадена максимална поддршка на актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ пред одржување на редовното Собрание на ФФМ во април.

“И пред 12 години ОФС Гостивар му даде поддршка на сегашниот претседател Масар Омерагиќ, препознавајќи го неговиот потенцијал и посветеност за развој на фудбалот во нашата земја. Оваа визија и  досегашната поддршка се доказ за силата што оваа поврзаност ја покажува низ годините. Секогаш во служба на спортската заедница“ изјави претседателот на ОФС Гостивар.

Повеќе од јасно дека Омерагиќ на ова редовно Собрание на ФФМ исто така ќе ја добие поддршката од делегатите и ќе биде на чело на најголемата наша спортска федерација во државата во наредниот период.

На Собранието на ОФС Гостивар имаше гости и од ФФМ.

May be an image of 6 people and text

ПретходноФијаско на трибините на првиот дуел во Вараждин Арена (ФОТО)
СледноНа македонските фанови им беа одземени знамињата од Кутлеш (ФОТО)