Кирил Лазаров и Чема Родригез, денеска ќе имаат една поинаква средба. Поранешните соиграчи од Суидат Реал ќе се соочат на како селектори. Кирил е на чело на Македонија, Родригез е на чело на Унгарија. Дуелот е закажан за почеток во 20:30 часот во Вараждин Арена.
И двајцата овие денови пред стартот на СП не криеја дека додека играле заедно биле блиски, се дужеле семејно, и двајцата имаат само пофални зборови за тоа што го правеле порано како играчи, но и сега како тренери.
„Сум играл со многу средни бекови, во големи клубови, а Чема Родригез ми беше еден од омилените соиграчи – средни бекови. Тој како играч беше ракометар кој играше за левите и десните бекови. Бевме блиски, многу се дружевме и семејно. Имаме многу добри спомени, двапати освојуваме титули, двапати игравме финале на Лигата на шампионите тој како среден, јас како десен бек. Се видовме, се поздравивме зборувавме за убавите спомени. Како играч беше ракометен гениј, таков се покажува и како тренер. Како среден бек, секогаш има идеи, има креација знае да ги препознае работите и мислам дека Унгарија добива многу со него“, вели Лазаров.