Македонскиот ракомет во црно: Почина Александар Јовиќ (1973-2025)

2613

Уште една тажна го потресе македонскиот ракомет, ненајде почина тренерот на Пролет, Александар Јовиќ (1973-2025). Животот на поранешниот македонски репрезентативец згасна на 51. година.

Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина. Тренерската кариера ја почна во Металург 2, а потоа го водеше првиот тим од Автокоманда. Го водеше тимот на Е.Пелистер 2, потоа го превзема првиот тим на Пелистер со кого ја освои титулата после 18 години. Од Битола се пресели во Пролет.

Во својата играчка кариера има настапувано за Јафа Промет од Ресен, Вардар, Пелистер и Металург.

Јовиќ беше дел од генерацијата која настапуваше за македонската репрезентација на СП 2009 и ЕП 2012.

ПретходноУнгарците претпазливи: Лазаров прави одлична работа! Македонија е противник кој мора да го почитуваме!
СледноБарди не е веќе фудбалер на Трабзон, можно е да се врати во Шпанија!