Митревски: Малку фалеше да победиме, честитки за сите беа дел од овој херојски меч

92

Македонската ракометна репрезентација на стартот на Мундијалот во Хрватска одигра нерешено 27:27 против еден од фаворитите, репрезентацијата на Унгарија. Нашиот состав одигра херојски, имаше и напад за победа, но не го искористивме. Примивме гол, мечот заврши реми. Жалиме за победата, но сме презадоволни од она што избраниците на Кирил Лазаров до одиграа вечерва во Вараждин.

Голманот Никола Митревски имаше серија на одбрани во клучните моменти.

„Знаевме како ќе одиграат бевме подготвени. Детали ни фалеа за да победиме. Многу малку ни фалеше. Имавме на неколку пати, по повеќе голови разлика, три, четири. Се вратија во игра. Успаавме да се држиме со нив гол за гол што се вели. Во последниот период имаше резултатска „клацкалка“ што се вели. Не ја искористивме во наша полза. Не искористивме човек повеќе за два разлика. Ни истрчаа контра напад. Имавме триесетина секунди на крајот во кој можеби не изигравме најдобро, можеби требаше повеќе да ја задржиме топката. Да шутираме, да влеземе во прекршок. Не е ниту важно сега“ – изјави голманот Митревски па додаде.

Лесно е да се зборува по мечот

„Лесно е после меч да се кажува како требало да биде. Честитки за моите соиграчи, за стручниот штаб, за публиката. Не носеа во првиот дел, видовме дека се побројни од унгарците, мислеа дека ќе играат како да се дома, се случи спротивното, ние се чувствувавме како дома. Освоивме бод, голем. Но со голема доза на жал, речиси како да сме изгубиле. Се случува ова и на поискусни играчи. ДА испуштат водство во клучни моменти, на крајот топката е тркалезна, некогаш ти дава некогаш ти зема. Целиот овој период откако се собравме, па се до денес, 25 дена сме заедно, знаеме се што пропуштаме, но ова денес беше награда за се. Исцрпувачки секако дека е. Играш егал, ваков меч. Секој момент е исцрпувачки на ваков турнир. Следува Холандија, ќе се одмориме, ќе се подготвиме одиме на нов успех.“ – рече нашиот голман.

ПретходноЛазаров: Горд сум на момците, горд сум на цела Македонија!
СледноФилип Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија!