Полувреме во Вараждин: Македонија – Унгарија (14-14)

180

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Унгарија има нершен резултат 14-14. Ова е прв меч за нашите ракометари на Светското првенство. Играат добар ракомет против фаворитот во нашата група. Македонија водеше со четири гола разлика.

Митревски има шест одбрани, Кузмановски е стрелец на шест гола.

Унгарците отворија со 5-2 после седум минути игра. Илиќ беше лидерот во нивните редови, максимално ја користеше нашата мека одбрана на средината (четири гола беа негово дело).

Сепак Македонија на крилата на бројните фанови успеа да се издигне. Три одбрани на Митревски, претходно украдена топка и загубена на противникот, беа доволни за да нашите момци со серија од 5-0 да поведат со 5-7 во 13-тата минута (стрелци на головите беа Кузмановски, Велковски, Серафимов). И тука не застанаа, со два нови гола на капитенот Кузмановски, Македонија во 16-та минута поведе со четири гола разлика (6-10). Одбраната беше цврста, а нападот беше одличен.

Четири минути бевме без гол (Серафимов не реализираше седмерец), Унгарија постигна два гола за 8-10. На стартот на 20-тата минута Кузмановски зголеми на 8-11, откако претодно Митревски ја запиша шестата одбрана.

Унгарија повторно се закани сериозно, дојде на минус еден 10-11. Митев и Пешевски имаа одговор за 10-13 на пет минути до крајот на првото полувреме. По голот на противникот, Џонов ги врати плус трите гола позитива (11-14). При 12-14 Кузмановски не реализираше од седум метри, на другата страна Унгарија казни и израмни на 14-14 во 29-та минута. Серафимов со звукот на сирената погоди, но судиите не го признаа голот.

ПретходноБохум минимално на домашен терен против Сент Паули
Следно„Релево“: Реал нe брза со Трент, ќе го чека до јуни