Дома Ракомет Домашно првенство Пролет се збогува со Јовиќ: Во шок сме, немаме зборови со кои...

Пролет се збогува со Јовиќ: Во шок сме, немаме зборови со кои би ја опишале загубата

132
Утринава македонскиот ракомет беше потресен со уште една тажна вест. На само 51. година почина Александар Јовиќ, тренерот на Т.Пролет. Во клубот кој што го водеше Јовиќ сите се во шок, бидејќи тој синоќа одржал тренинг со тимот.
„Т. Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ.
Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.

Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.

Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот.
 
Искрено сочувство до семејството,
РК Тинекс Пролет“, се вели во соопштението на клубот. 

ПретходноСерафимов: Унгарија е фаворит, но во спортот ништо не е невозможно!
СледноШто се случува со Пеп? Погледнете како се нафрли врз својот голман! (ВИДЕО)