Селтик и Ренџерс седнале на маса за да разговараат за приклучување кон англиската Премиерлига

144

Селтик и Ренџерс наводно имале „почетни разговори“ за приклучување во англиската лига. Клубовите од Глазгов честопати се над квалитетот на Премиерлигата на Шкотска во која играат и затоа бараат да се најдат во англиското елитно друштво. Ренџерс или Селтик ја освојуваат лигата секоја година од 1985 година.

Двата клуба по нова година имале состанок на кој разговарале за можноста да „истражат“ дали е вистински чекор нивна преселба во англискиот елитен фудбал. Ники Дусет, извршниот директор на компанијата што ја води женската Супер лига (WSL), „истражува“ начини за проширување и на женската лига.

Разбирливо е дека разговорите се во рана фаза, а „Тајмс“ објави дека во овој момент не е направен официјален пристап. Доколку клубовите ги сменат лигите, тоа би вклучувало отказен период од две сезони. Идејата за приклучување на машките тимови на Ренџерс и Селтик во Премиер лигата беше неколкупати најавувана во последните неколку децении.

ПретходноАнчелоти за поразот на „Ел Класико“: Реал настрада, но не потона
СледноФијаско на трибините на првиот дуел во Вараждин Арена (ФОТО)