Сонцето од Кутлеш сепак „огреа“ во Вараждин

1076

И покрај забраните, и конфискацијата на знамињата со сонцето од Кутлеш, дел од нашите навивачи, членови на „Фалангата“ сепак, успеаа да го истакнат ова знаме во салата во Вараждин.

На само наш, ФРАЕРСКИ начин, екипата од Радовиш, успеа да го „просшверцува“ знамето и да го истакне заедно со специјално направените маички. Момци секоја чест, ги заслуживте сите аплаузи во полната сала.

Нека вашето знаме биде талично, среќлија на денешниот меч, и ваш спомен дека сте и пркоселе на вечната неправда која што и се прави на Македонија, кога е во прашање овој наш легитимен национален симбол.

 

ПретходноЛазаров го одреди составот за првиот дуел на Македонија! (ФОТО)
Следно„ГРМИ“ Денес над Македонија се раѓа во Вараждин (ВИДЕО)