Трабзон го испрати Барди со плакета, Еспањол и Рајо тргнаа по неговиот потпис

220

По взаемниот раскин на договорот со Енис Барди, кој беше дел од Трабзонспор од сезоната 2022/2023, денеска клубот на заминување му врачи посебна плакета/благодарница.

Генералниот сектерат на клубот Сами Караман му ја врачи плакетата на нашиот репрезентативен капитен, кој од денеска како слободен играч ќе си бара нов клуб.

Според пишувањата на медиумите во Турција, во моментов Барди има две понуди од Ла Лига од Шпанија, каде за него се заинтересирани Рајо Ваљекано и Еспањол.

ПретходноЏонов: Унгарија е фаворит, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме!
СледноАнчелоти за поразот на „Ел Класико“: Реал настрада, но не потона