Унгарија е фаворит против Македонија. Иако има навистина импресивен состав и ракометари кои играат во Лигата на шмпионите и звучни клубови, сепак сите во таборот на првиот противник на македонската ракометна репрезентација се претпазливи. На стартот на секое големо натпреварувања изненадувањата се неизбежни, па тие не сакаат да го почувствуваат тоа на своја кожа.
Од таборот на унгарската репрезентација посочија на кои играчи посебно обрнале внимание нивните голмани.
Харис Поробиќ, кој е задолжен за голманите на овој тим откри дека посебен фкус е ставен на Филип Кузмановски, Марко Митев и Мартин Серафимов. Според нив најголемата опасност по нивниот гол доаѓа токму од ова трио.
„Тие се движечката сила во нивниот тим, ние се подготвуваме специјално за нив“, истакна Поробиќ и додаде:
„Секако дека веќе се подготвивме за нив, бидејќи тие се добар тим со добар тренер. Тие играат модерен ракомет, па ќе биде сериозен натпревар“, изјави Поробиќ за МТИ.
На голот на Унгарија се Роланд Миклер, Кристоф Паласик и Ласло Бартуц.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија е закажан со почеток во 20:30 часот.