Македонската ракометна репрезентација на отворањето на Мундијалот против репрезентацијата на Унгарија одигра нерешено 27:27. Во фантастичен меч во кој имавме резултат и за победа сепак на крајот мораме да се задоволиме со реми, иако го имавме чувството на победа се до последните секунди.
Сосема очекувано за играч на натпреварот е прогласен Филип Кузмановски кој што на овој меч имаше фантастични 10 голови и три асистенции. Ја водеше нашата репрезентацијата во овој херојски меч во кој нашите ракометари и тоа како покажа дека може да се носи со најсилните селекции на овој турнир, а посакуваме веќе против Холандија тоа да го повториме.