Нашиот капитен Филип Кузмановски веројатно го одигра еден од своите најдобри мечеви во својата репрезентативна кариера. Еднставно блескаше, со 10 голови ја “изрешета“ мрежата на Унгарците, беше прогласен и за играч на мечот по тие 27:27 меѓу Македонија и Унгарија.
По средбата капитенот на Македонија ги искажа своите импресии:
“Многу добро ја анализиравме Унгарија и тоа на овој меч го покажавме. Ќе бидеме скромни, на крајот ни недостигаше малку среќа за да се израдуваме на победа. Сепак одиме натаму, имаме уште два меча во оваа група. Покажавме како се игра за Македонија. Да им се заблагодарам на нашата публика, цело време ни беше ветар во грб, одиме натаму“ посочи капитенот.
За наредниот дуел со Холандија тој кусо истакна:
“Имаме еден ден да се одмориме. Во текот на целите подготовки се спремавме за Холандија и Унгарија, добро ги анализиравме, посакувам смао да ја повториме ова игра од денеска и на средбата со Холандија и на крај да се радуваме“ заврши Кузмановски.