Баерн го „торпедираше“ Хофенхајм

23

Вечерва беше комплетирана денешмата Бундес лига програма во која тимот на Баерн Минхен со 5:0 на домашен терен го совлада тимот на Хофенхајм. По само половина час домаќинот водеше со 3:0 преку головите на Сане, Гереро и Кејн по што беше јасно каде оди овој меч.

Сане во вториот дел постигна уште еден гол, а конечниот резултат го постави Гнабри.

Штутгарт на свој терен го совлада Ред Бул Лајпциг кој што преку Шешко стигна до водство но истото го загуби во вториот дел. Браун Ларсен и Волтемаде се запишаа во листата на стрелцире, а вредно е да се спомене дека гостите го завршија мечот со два играчи помалку.

Аугзбург подобар од Унион Берлин на негов терен со 0:2, додека пак Вердер и Хаиденхајм одиграа екстра дуел кој заврши 3:3.

 

 

ПретходноБразил направи чудо против Норвешка, победи и за Германија и Хрватска!
СледноБарса неприкосновена против Бетис во купот