Денеска нашата ракометна селекција стартува на СП 2025 и тоа со натпреварот со Унгарија од 20.30 часот во Вараждин. Како и секогаш, така и сега. Поддршка за четата на селекторот Кире Лазаров доаѓа од сите страни, од цела нација, од цела Македонија.
Како што и доликува, преку своите социјални мрежи, и најголемата федерација, Фудбалската федерација на Македонија им даде поддршка на ракометарите и им посака среќа и успех на Мундијалот.
„Екипа која ја врати радоста кога се игра за репрезентацијата. И која ја врати радоста да се гледа репрезентацијата!
Веруваме и знаеме дека ќе продолжите да напредувате. И тогаш можеби ќе одиме чекор понатаму.
Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат #НапредМакедонија