Никола Јокиќ е вистинско чудо. Веќе не е тајна дека речиси на секој меч Србинот урива рекорди, има трипл-дабл, неговиот Денвер победува, но сега најважно е што овој тим личи на шампионски тим. Се разигра и Мареј, забележа 45 поени, па така Јокиќ и не требаше премногу да се заморува за да се совлада Далас утринава со 118:99.
Србинот имаше “само“ 10 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Ова за него беше 146 трипл-дабл во кариерата.
Инаку Јокиќ урна и еден друг рекорд во НБА кој го држеше Лари Бирд. Имено центарот на Нагетси е првиот кошаркар во историјата на НБА кој најбрзо успеал да дојде до 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции.
За тоа му биле потребни 709 натпревари во НБА, додека на Бирд му беа потребни 799 мечеви.
Секоја чест за Јокиќ.
Jamal Murray in the 1st half:
32 points
12/15 shooting
4 threes pic.twitter.com/UHxmIae66y— NBA (@NBA) January 15, 2025
На останатите мечеви утрината се постигнаа следните резултати:
Индија – Кливленд 117-127, Филаделфија – Оклахома 102-118, Атланта – Феникс 122-117, Чикаго – Њу Орлеанс 113-119, Милвоки – Сакраменто, 130-115, Портланд – Бруклин 114-132.