По взаемниот раскин на договорот со Енис Барди, кој беше дел од Трабзонспор од сезоната 2022/2023, денеска клубот на заминување му врачи посебна плакета/благодарница.
Генералниот сектерат на клубот Сами Караман му ја врачи плакетата на нашиот репрезентативен капитен, кој од денеска како слободен играч ќе си бара нов клуб.
Според пишувањата на медиумите во Турција, во моментов Барди има две понуди од Ла Лига од Шпанија, каде за него се заинтересирани Рајо Ваљекано и Еспањол.