Ѓоковиќ го надмина рекордот на Федерер, а забележа уште еден рекорд за историја!

328

Новак Ѓоковиќ утринава успеа со 3:1 да го победи Португалецот Фарија и да се најде во 3.коло на АО во Мелбурн. Покрај победата, Србинот заслужено се радуваше и на тоа дека сега има 430 настапи на грен-слемовите што го прави тенисер со најмногу настапи во историјата. Досега рекордер беше Роџер Федерер кој пак имаше 429 настапи.

Инаку Новак урна и друг рекорд а тоа е дека ова му беше 150 победа на грен-слемовите откако наполни 30 години.

Навистина раритет. Фасцинантно.

Пред него овој рекорд го држеше Серена Вилијамс.

Во рамките на 3.коло на АО Новак Ѓоковиќ и тоа како ќе има тешка задача, за ривал го има Томаш Махач од Чешка. Билансот на меѓусебните дуели е 1:1. Овој дуел е закажана за во петок, а сатницата допрва ќе се знае.

ПретходноОвој човек е чудо: Јокиќ како од шега со нов трипл-дабл и со нов рекорд во НБА! (ВИДЕО)
СледноУнгарците претпазливи: Лазаров прави одлична работа! Македонија е противник кој мора да го почитуваме!