За да се биде рамо до рамо со една Унгарија мора да се биде перфектен на теренот. Ова е нешто што нашите ракометари ќе морат да го сторат доколку сакаат да им парираат на Унгарците на првиот меч на Светското првенство.
„Играме против една од најсилните селекции во светот, репрезентација што е максимално добро покриена на сите позиции и игра модерен ракомет. Можам да кажам дека добро ги анализиравме, знаеме што да очекуваме, јасно е дека тие се фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Најважно ќе биде да ја играме нашата игра, да го исполниме она што стручниот штаб ќе го побара од нас, со реализација на тој план би можеле да се надеваме на позитивен резултат ако ни се укаже шанса за такво нешто“, изјави Иван Џонов во пресрет на денешниот дуел.
Мечот меѓу Унгарија и Македонија е закажан со почеток во 20:30 часот.