Велковски: Одигравме за Јовиќ и за навивачите, жалиме што не победивме!

145

Македонската ракометна репрезентација одигра врвно против големиот фаворит Унгарија на стартот на Светското првенство. Нешто повеќе од 30 секунди ја делеа од победа. На крајот и бодот е голем како планина, бидејќи оваа нова Македонија покажа дека може да се носи со големи имиња, само треба да трпение и верба.

Мартин Велковски, како и сите останати момци по мечот играта ја посветија на Александар Јовиќ, кој ненадејно почина и ги шокираше сите во тимот.

„На почеток би сакал да изразам сочувство до семејството на Јовиќ. Сите бевме во шок, потресени… голем дел од оваа репрезентација мина низ неговата школа, во одреден дел го имавме за тренер, јас имав можност да соработувам со него и неодамна, во тимот на Е. Пелистер. Шокот беше огромен, но дадовме се од себе за да останеме фокусирани. Знаевме дека на трибините ќе има голем број на Македонци, игравме за нив и за Јовиќ. Што се однесува до самиот натпревар, секако дека жалиме што не победивме, но ако некој пред мечот ни понудеше реми со Унгарија, сигурн ќе го прифатевме. Покажавме голема борба, можеби пред крајот во таа борба загубивме глава, но сметам дека целосната слика е крајно позитивна“, истакна Велковски.

Нашите ракометари пред себе имаат уште една тешка задача на ова Светско првенство, веќе утре (18 часот) силите ќе ги одмерат со Холандија, селекција која имаше лесна задача во првото коло, без мака славеше протв Холандија.

„Пред нас е Холандија, мое мислење е дека оваа селекција повеќе ќе ни одговара како стил на игра, пред се бидејќи немаат така физички корпулентни пивоти како што тоа беше случај со Унгарија. Точно е, играат побрзо и тоа би можело да биде проблем, но верувам дека ние ќе подготвиме максимално за она што следи“, порача Мартин Велковски.

ПретходноБарселона го премисли Араухо, сега му нуди и нов договор
СледноЈани Атанасов може да направи трансфер во шкотски Хиберниан