Кузмановски и Костески на врвот во две статистички категории!

322

По завршување на првото коло на Светското првенство, ИХФ ја објави индивидуалната статистика, а тука на врвот се македонските ракометари, кои одиграа одличен меч против Унгарија, реми (27-27) за кое не сонувавме.

Капитенот Филип Кузмановски е на врвот на листата на стрелци, постигна 10 гола од 16 обиди. Тој беше прогласен за најкорисен ракометар на дуелот со Унгарија. На врвот на овој поредок е Матијас Гитсел со ист број на погодоци.

На врвот на листата се наоѓа и Никола Костески. Десното крило на нашата репрезентација има три украдени топки и тоа го стави на делба на првото место со Данецот, Арнолдсен.

ПретходноЈани Атанасов може да направи трансфер во шкотски Хиберниан
СледноНејмар почнал преговори со три клуба од МЛС лигата