Македонската ракометна репрезентација синоќа на отворањето на Мундијалскиот турнир во Вараждин, Хрватска, одигра реми 27:27 против Унгарија. Одличен настап на избраниците на селекторот Кирил Лазаров со што покажавме дека на ова СП нема да играме епизодна улога напротив, ракометарите ќе не радуваат уште многу пати.
Па така, во сета еуфорија синоќа според хрватските медиуми, еден македонски навивач, кому секако не му се споменува идентитетот, туку само годините, 32. бил дел од сообраќајна несреќа во која што па учевствувал 59.годишен унгарски навивач. Во извештајот се наведува дека македонскиот државјанин имал 1.13 промили алкохол во себе.